Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

Регулаторна одлучи – горивата поскапуваат, ова се новите цени на бензинот и дизелот

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,57%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 23.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит и
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – Можно е убаво изненадување

ДЕСК

Кога фрижидерот покажува повеќе од статистиката: Како навистина живее едно семејство

ДЕСК

Како да не ви „истече“ платата во првата недела: Пет навики што го празнат буџетот

ДЕСК