На 25 ноември 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода тројца мажи.
Станува збор за две лица од Скопје на возраст од 19 и 18 години, како и за 34-годишен жител на селото Сарај, скопско.
Според полицискиот билтен, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случаите, против приведените ќе следуваат соодветни поднесоци.


