СВР Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишник од селото Горобинци, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Според полицијата, на 3 јуни 2025 година во Скопје, при извршен преглед на пријавениот, била пронајдена и одземена марихуана.
Во доставениот билтен не е наведено количеството на дрогата.


