Норвешката авиокомпанија Norse Atlantic утрово соопшти дека ги суспендира сите летови предвидени за денеска, додека раководството се обидува да обезбеди средства за продолжување на работењето.
Компанијата води разговори со потенцијални инвеститори за можно преземање, кое би вклучувало и решение за непосредните финансиски проблеми. Одржани се и разговори со сопствениците на обврзници.
Управниот одбор предупреди дека, доколку итно не биде обезбедено краткорочно финансирање, има намера да поднесе барање за банкрот. Компанијата им се извини на патниците за проблемите предизвикани од суспензијата на летовите.


