„Во однос на Бугарија, ние направивме навистина се, дури и повеќе од тоа, за да пружиме рака, таа е наша соседна држава и секогаш ќе биде, и ние мораме да градиме пријателство заради иднината и заради нашите млади кои треба да градат европска перспектива тука, во нашата земја. Ние нема да се откажеме од тоа, ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, ние ги почитуваме нив, очекуваме и од нивна страна почит. Јас верувам дека дијалогот ќе профункционира, не зависи само од нас. Но во секој случај, со или без почеток на преговори, иако ние сме спремни за преговори, ние мораме да продолжиме со реформите и да ја донесеме Европа дома. Секогаш кога мислиме на ЕУ да мислиме на еден функционален систем кој важи еднакво за сите. Во државите членки на ЕУ постои систем, и ние се угледуваме на таквите држави, сите поминале низ тежок процес на трансформација, особено од регионот Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, ќе го поминеме и ние. Кога ќе влеземе во ЕУ ќе бидеме Македонци кои зборуваат македонски јазик.“-изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, на телевизија Стар.
Тој ја нагласи неопходноста од ефикасна имплементација на законите, како важен предуслов во европските реформи.
„Би требало да се усвои преговарачка рамка, а во таа рамка треба да се утврдат правилата по кои ќе преговараме, има нови начини во методологијата, тоа беше условот на Франција. Ние имавме скрининг претходно и добивме основна слика. Има три основни теми најважни во нашето поглавје – правосудството, корупоцијата и заштита на човековите права. Тие теми ќе се отворат и тука имаме многу работа, особено со импелментацијата на законските решенија кои ќе се носат, затоа што не треба да сме само добри во пишување закони, туку и во спроведување.“- рече Маричиќ.