Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Бојковска: Македонија меѓу 30-те најдобро рангирани во светот за сајбер-безбедност

Прес конференција на Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го изработува естонска Академија за е-управување, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот, меѓу 155 рангирани држави и територии, со 84,17 поени од можни 100. Тоа е скок од 29 позиции.
Во 2023 година, Македонија беше на 59 место, немаше сеопфатна законска рамка за сајбер-безбедност, немаше јасна институционална одговорност, немаше стратешки пристап кон заштита на критичната инфраструктура.

Годините на минусната политика на претходната власт оставија држава која беше ранлива, необединета и без визија во оваа сфера, која денес е меѓу најважните за секоја модерна и одговорна држава.

Донесен е нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, усвоена е Стратегија за сајбер-безбедност 2025–2028 со конкретен Акциски план. Воспоставивме механизми за национална координација и значително ги зајакнавме капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти.

Ова е напредок за земјата базиран врз парнерства, јасна визија и сериозносот во спорведување на реформите.

Почитувани,
Продолжуваме со спроведување на реформите, продолжуваме со градење капацитети за превенција и одговор и со продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи безбедни јавни услуги, заштитени податоци на граѓаните и отпорна критична инфраструктура, а тоа е обврска што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја сфаќа сериозно.