17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери до Галовеј: Како најнова членка на НАТО подготвени сме да соработуваме со британските колеги

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, имаше работна средба со Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија.

Во оваа пригода претседателот Џафери изрази задоволство од повторната средба со амбасадорката во новиот парламентарен состав во услови кога целиот свет се наоѓа во сензитивен период на светска пандемија на Ковид-19 поради што и Собранието работи во согласност со протоколите и препораките дадени од Комисијата за заразни болести. Тој накусо ја запозна амбасадорката со сите преземени мерки од страна на Собранието за заштита на пратениците и собраниските служби од Ковид-19, а во однос на спреченоста на пратениците поради изолација и самоизолација да учествуваат во парламентарната работа, согледувајќи ги искуствата од другите парламенти, тој информира дека се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина со цел непречено функционирање на законодавниот дом.

Џафери посочи дека Република Северна Македонија како најнова полноправна членка во НАТО е спремна во иднина да соработува заедно со британските колеги на рамноправна основа преку ПС на НАТО, со што ќе придонесат за колективната стабилност и глобалната безбедност.

Претседателот информира и за тековните парламентарни активности кои се планираат до завршувањето на оваа година, како и за законските предлози што се на дневен ред на седниците на Собранието и можностите за нивно донесување.

Соговорниците изразија задоволство од успешната имплементација на проектите на Вестминстерската фондација во Собранието, особено од функционирањето на проектот за поддршка на буџетската канцеларија, која изготвува квалитетни анализи за буџетот како за потребите на парламентарното мнозинство така и за опозицијата.

Во однос на билатералната соработка меѓу двете земји, соговорниците заемно изразија надеж дека таа ќе продолжи да се надградува и во наредниот период, особено на ниво на пратенички групи за соработка, кои неодамна се формираа во Собранието.

Спонзорирано: