17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп одобри помилување на својот поранешен советник за национална безбедност

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри помилувањето на својот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го толкуваат како негов последен потег во претседателскиот мандат.

„Голема чест е да објавам дека на генералот Мајкл Т. Флин му се гарантира целосно помилување. Честитки за генералот Флин и неговото прекрасно семејство“, напиша Трамп на својот твитер-профил и им посака среќни празници.

Флин е вториот соработник на Трамп кому претседателот му даде помилување по осудувањето во процесот за руско влијание на претседателските избори во 2016 година, пренесува АП.

Претходно, американскиот претседател го помилува Роџер Стоун, својот долгогодишен близок соработник, само неколку дена пред Стоун да се јави за издржување на затворската казна.