Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

СДСМ: Мицкоски е навикнат да става сопки во клучни моменти за напредокот на државата

Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина, Христијан Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, велат од СДСМ како реакција на денешната вонредна прес-конференција на лидерот на опозициската партија.

Во неа се нагласува дека за јазикот и за идентитетот не се преговара, ниту може да се преговара бидејќи, како што се вели, тие веќе се потврдени и признаени.

„Одамна се прочитани намерите на Мицкоски, тој е против ЕУ, против НАТО, против се што е во интерес на државата. Целото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е ставање сопки во клучни моменти и обиди за кочење на напредокот, на државата“, велат од СДСМ од каде додаваат дека Мицкоски нема чувство за тоа што е државен или национален интерес.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК