Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 05.11.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга од Гостивар и ѝ нанел повреди.


