17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно-Карабах

Рускиот министер Сергеј Лавров во интервју за домашни и странски медиуми рече дека ниту една турска мировна мисија нема да биде испратена во Нагорно-Карабах. Тоа е јасна одредба од договорот за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах, што го потпишаа лидерите на Азербејџан, Ерменија и на Русија, пренесува ТАСС.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, повтори дека турските сили ќе учествуваат во мировната мисија во Нагорно-Карабах заедно со Русија.

На 9 ноември рускиот и азербејџанскиот претседател и ерменскиот премиер потпишаа договор за целосен прекин на огнот во Нагорно-Карабах почнувајќи од 10 ноември.

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека азербејџанските и ерменските страни ќе ги задржат позициите што ги зазеле и дека руските мировни сили ќе бидат распоредени во регионот.

Договорот предвидува и размена на затвореници и тела меѓу Баку и Ереван.

Руското Министерство за одбрана во средата објави дека е потпишан меморандум за формирање заеднички руско-турски центар за набљудување на огнот во Нагорно-Карабах, кој ќе биде лоциран во Азербејџан.

Документот не предвидува присуство на турските сили во мировните мисии во Нагорно-Карабах.