11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Холандија нареди колење на 200.000 кокошки поради птичји грип

Холандското Министерство за земјоделство нареди колење на 200.000 кокошки, откако беше откриен високопатоген вирус на птичји грип на фарма во источниот град Пуифлијк.

Уништувањето на живината, вклучително и кокошките на фармите во радиус од еден километар, е второ по ред во Холандија овој месец, откако за првпат беше откриена болеста Х5Н8 кај дивите птици, пренесува „Ројтерс“.

На холандските производители на живина им е наредено да ги чуваат птиците затворени за да се спречи ширењето на инфекцијата.