Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за промена на времето и температури под 0 – Meteocentar со детална прогноза

Утре во утринските часови во северните делови ќе има повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 31.10.2020
Минимална температура: -1°C до 9°C
Максимална температура: 13°С до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност. Во северните и североисточните делови ќе биде значителна облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 01.11.2020
Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.11.2020
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Сончево со умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК