Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Мицкоски со нов став: За Владата, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од ковид заразата прават грешка и се ретроградни

Фејсбук статус на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

За Владата на Заев, Франција и Германија кои превземаа поинтензивни мерки и протоколи за превенција од #COVID заразата прават грешка и се ретроградни, затоа што нашата Влада не превзема ништо за да спаси животи.

Болните со хронични болести сѐ уште задолжително одат на работа, ако не ги убие короната, тука е загадениот воздух кој по 4 години Влада на Заев сѐ уште не е алпски чист како што ветуваа. Го нема ајрото.

Единствената порака на Заев е да не се крева паника во состојба кога имаме бројки кои покажуваат катастрофа. 862 новозаразени и 14 починати.

Што направи Владата? Владата не прави ништо, парада, се занимава со опозицијата, се дави во својата неспособност.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК