10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уште еден напад: Чуварот на француската амбасада прободен со нож во Саудиска Арабија

Еден маж е уапсен во Џеда, Саудиска Арабија, откако избодел стражар во францускиот конзулат, објавија државните медиуми.

Според „Скај њуз Арабија“, чуварот бил повреден со остар предмет. Тој е хоспитализиран и неговиот живот не е во опасност, објави француската амбасада.

Осомничениот напаѓач е саудиски државјанин и полицијата го уапсила, додаваат од амбасадата.

„Напаѓачот беше уапсен од саудиските безбедносни сили веднаш по нападот. Чуварот беше пренесен во болница и неговиот живот не е во опасност”, се вели во соопштението на амбасадата.

Инаку, ова е трет напад врз Франција од утрово.