17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Русофобните земји на ЕУ се пречка за зајакнување на руско-хрватските односи

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека русофобните земји од ЕУ и санкциите се пречка за понатамошно зајакнување на руско-хрватските односи.

„Санкциите или, подобро кажано, виорот на санкции што ги промовираат Брисел и многубројни русофобни земји во рамките на ЕУ по директна наредба на Вашингтон, продолжуваат да бидат сериозна пречка за натамошно зајакнување на руско-хрватските врски. Неодамна, ваквата антируска линија стана многу поактивна“, рече Лавров во интервју за загрепски „Вечерњи лист“.

Тој така одговори на прашањето, што доведе до ќор-сокак во руско-хрватските односи и кои се пречките за да се подобри соработката на ниво што го имаат Словенија или Србија.

Лавров, сепак, рече дека нема да ги квалификува билатералните односи како ќор-сокак потсетувајќи на низата состаноци што ги имаше со хрватските власти во последните неколку години, како и на економската соработка.