10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Следува магливо, облачно време, па обилни врнежи од дожд – Meteocentar со детална прогноза

Утре ќе се задржи стабилно време, претпладне со мала до умерена облачност и со услови за утринска магла по одделни котлини, попладне облачноста ќе се зголемува.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со ретки грмежи. Во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето со услови за утринска магла по одделни котлини.

Од среда под влијание на нов влажен бран повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Прогноза за 25.10.2020
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 15°С до 21°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со ретки грмежи.

Прогноза за 26.10.2020
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 27.10.2020
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 17°C до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Променливо време со силен ветер, дожд и град

M T

Најмногу пријавени штети за поплавени простории и паднати дрвја

M T

И денеска пороен дожд и грмежи, во Скопје услови за невреме

M T