Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа кажа дека евидентно е дека во последните две недели бројот на заболени во градинките се зголемува и дека трендот на позитивни е како целата епидемиолошка состојба во државата. Од 9 до 16 октомври има шест нови заразени деца и 21 вработен.

Шахпаска истакна дека здравствената состојба на сите досега позитивни деца и вработени е добра.

„Нема хоспитализација, освен две од претходно што веќе се завршени. Генерално состојбата на вработените и децата е добра“, изјави министерката.

Таа информира и дека до денеска има 309 деца во изолација и околу 50-ина вработени.

На новинарско прашање дали може да се очекува затворање на градинките, министерката рече дека ќе се следи епидемиолошката состојба и врз основа на тоа ќе се носат одлуки заеднички со локалните власти.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 14.500 матуранти денеска го полагаат изборниот екстерен испит

C +

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Државата напредува, бележи дипломатски успеси, за прв пат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации, а СДС и Филипче тоа не го гледаат

ДЕСК