Centar.mk
СВЕТ

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата

САД одобрија приближно 38 милиони долари дополнително финансирање на борбата против еболата, со што директната американска помош изнесува над 200 милиони долари, соопшти синоќа Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека американскиот Центар за контрола и превенција на болести ќе соработува со властите во Демократска Република Конго и во Уганда, за да се обезбеди „брз и сеопфатен одговор“ на епидемијата на ебола.

Според Светска здравствена организација (СЗО) во ДР Конго има 344 потврдени случаи на ебола и 60 смртни случаи.

Американскиот Стејт департмент, исто така, соопшти дека граѓаните на САД кои биле изложени на вирусот, но не покажуваат симптоми, ќе бидат ставени во карантин во Кенија, во специјален објект што го гради САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВРХОВНИОТ СУД НА ИНДИЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКА – Отфрлено барањето за забрана на ритуално жртвување животни

ДЕСК

СУДСКА ПРЕСУДА ВО ГЕРМАНИЈА – Осуден долгогодишен активист од крајнодесничарските кругови

ДЕСК

БУГАРИЈА СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ – Тројца навивачи остануваат во болница

ДЕСК