17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Алжирец осуден на 28 години затвор за напад на полицајци

Парискиот суд денеска осуди Алжирец на 28 години затвор за обид за убиство со чекан на полицајци во 2017 година, кои ја чувале катедралата Нотр Дам.

Нападот е карактеризиран како терористички, а напаѓачот извикувал: „Ова е за Сирија“.

Нападот на Фарид Икен, сега 43-годишен, пред едно од најпосетуваните француски споменици на културата, се случи по низа напади на исламски екстремисти врз Франција во периодот од 2015 до 2016 година и беше еден од најсилните напади насочени кон силите за безбедност.

Во тој инцидент кај Нотр Дам еден полицаец беше лесно повреден, а напаѓачот го ранија полицајците. Најмалку 600 луѓе беа заробени во катедралата од 12 век, додека полицијата ги обезбедуваше улиците во близина.