22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата не ги усвои новите мерки против коронавирусот, прво треба да се смени законот

Владата на денешната 11. седница ги разгледа препораките на Комисијата за заразни болести за новите заштитни мерки против ширењето на коронавирусот, но не ги усвои, откако било заклучено дека за тие да се усвојат, најпрво треба да се смени законската регулатива.

Станува збор за повеќе рестриктивни и заштитни мерки кои минатата недела ги најави министерот за здравство Венко Филипче, по скокот на бројот на нови случаи на Ковид-19 во земјава. Меѓу нив е задолжителното носење заштитни маски или заштитна опрема секаде при престој на отворено, за забраната за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или каде било на отворено.

„Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од заразни болести“, се вели во владиното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

M T