Centar.mk
СВЕТ

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

Обединетите Арапски Емирати објавија дека избил пожар во петрохемиската постројка Боруж, поради што производството е привремено прекинато.

Властите наведуваат дека до пожарот дошло како последица на паднати остатоци откако противвоздушната одбрана успешно пресретнала напад насочен кон овој индустриски капацитет.

Постројката се наоѓа во Руваис, во близина на западната граница на Обединетите Арапски Емирати со Саудиска Арабија.

Од Канцеларијата за медиуми на Абу Даби порачаа дека нема повредени лица во инцидентот.

Државните служби апелираа до граѓаните да ги следат информациите исклучиво од официјални извори и да не шират непроверени наводи.

„Ги повикуваме граѓаните да се потпираат само на официјални извори на информации и да се воздржат од споделување шпекулации“, се вели во официјалното соопштение./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УБИЕН ПРАТЕНИК И ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ГВАТЕМАЛА – Вооружен напад ја потресе земјата

ДЕСК

НАД 140.000 ЛУЃЕ НА УЛИЦИТЕ ВО ФРАНЦИЈА – Скапиот живот предизвика нов бран протести

ДЕСК

НЕТАНЈАХУ ПРЕД МОЖНО ЗАМИНУВАЊЕ ОД ВЛАСТА – Претседателот на Израел му го довери мандатот на неговиот ривал

ДЕСК