Centar.mk
СВЕТ

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

Иранските вооружени сили тврдат дека собориле три американски воздухоплови – транспортен авион Ц-130 и два хеликоптери „Блек Хок“ – за време на операцијата за спасување на американскиот пилот.

Тврдењето доаѓа откако Иранската револуционерна гарда објави дека неколку „летачки објекти“ биле уништени за време на американската операција. САД сè уште не ги потврдиле обвинувањата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека операцијата за спасување на членот на екипажот на соборениот Ф-15 била успешна и дека нема жртви од страна на САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +