Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Доаѓа невреме во Македонија

Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови ќе се прошират во целата земја и ќе се интензивираат.

Во текот на ноќта и утре во утринските часови локално процесите ќе бидат во форма на невреме со обилни врнежи од дожд (над 30 л/м2 за кратко време), силен ветер (со удари над 80 км/час), појава на грмежи и можна појава на град.

Прогноза за 14.10.2020
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 17°С до 24°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 15.10.2020
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 16.10.2020
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 24°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК