13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Љупчо Николовски: Димова да ги презентира сите информации за случајот за да се расчистат сомнежите

Периодов една од темите кои ја засегаат јавноста, за жал, е доделувањето финансиски средства од Европската Унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

– Од директорката Димова се очекува пред јавноста да ги презентира сите информации за случајот, со што ќе се даде шанса да се расчистат сомнежите за злоупотреба. Отворено, со присуство на медиумите, се разбира.

Во меѓувреме, Владата и јас како Вицепремиер, очекуваме од надлежните органи во најкус можен рок да спроведат соодветни постапки, да го испитаат случајот и навремено да не информираат за исходот и нивните наоди, односно фазите на постапката.

Паралелно на тоа, доколку се утврди дека постои пропуст кај функционер, врз основа на новиот етички кодекс ќе биде побарана и политичка одговорност.

Ја охрабрувам јавноста да реагира, како што реагира и сега. Ова е Влада со јасна заложба за максимална транспарентност. Никаков сомнеж за злоупотреба не смее да се крие, а на државните органи е истите темелно да ги испитаат и да носат чесни одлуки согласно законите, соопшти Николовски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Николовски: СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја

CENTAR MKD

Николовски за ТВ Стар: Со нашиот фокус за етичкото однесување во институциите и во партијата, ќе имаме подобро општество и ќе одработиме за државата

CENTAR MKD

Николовски: СДСМ постојано се менува, со Дигиталниот Конрес покажавме одговорност и нова енергија за демократизација

CENTAR MKD

Николовски на Сител: Нема поголема партиска демократија ако секој член има право да гласа за избор на претседател

CENTAR MKD

Николовски: Победата на СДСМ на изборите се должи на многу труд, работа, себе-жртвување, на демократски, партиски ангажман

CENTAR MKD

Телеграма со сочувство од генералниот секретар Николовски до семејството на Амди Бајрам

CENTAR MKD