Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Доаѓа силно невреме со обилни врнежи од дожд и грмежи во Македонија

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе почнат од запад, а во вечерните и ноќните часови зоната на врнежи ќе се прошири во целата земја.

На повеќе места се очекуваат обилни врнежи, од 30 до 40 л/м2 за 24 часа, а локално и повеќе.

Во ноќните и раните утрински часови кон вторник, врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК