7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Владата го усвои ребалансот на буџетот

Владата вчера на седница го утврди предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието.

„Согласно финансиските показатели, проекциите покажуваат дека дефицитот во буџетот ќе изнесува 8,4% поради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19“, соопштија од Владата.

Приходната страна на буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар.

Од Владата наведуваат дека со ребалансот на буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно.

„Сите мерки од пакетите 1,2,3 и 4 за поддршка на економијата и граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите до крајот на годината за ликвидност на економијата преку ликвидност на компаниите, и за зголемување на јавната потрошувачка. Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во буџетот ќе се задржи исполнувањето на обврските, како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти“, соопштија од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T

Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството

M T