12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија ја прошири листата ризични подрачја за патување

Германското Mинистерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да не патуваат во неколку европски дестинации, поради порастот на бројот на случаи на коронавирус.

Меѓу дестинациите се и Дубровник, Прага, Женева и Корзика, пренесе „Ројтерс“.

Поради ширењето на епидемијата, Германија на новата листа на епидемиолошки ризични подрачја додаде две хрватски жупании – Дубровачко-неретванската и Пошко-славонската.

Од Франција, на листата покрај Корзика, додадени се уште четири региони – Оверн-Рона-Алпи, Окситанија и Нова Аквитанија.

Предупрепредувањето не претставува и забрана за патување во тие подрачја, но им сугерира на патниците да ги преиспитаат своите планови.

Со тоа им се овозможува на патниците да ги откажат патувањата без дополнителни трошоци.

Германија за подрачја со висок ризик ги смета земјите или регионите каде што за времена на седум дена се забележани 50 или повеќе случаи на Ковид-19 на 100.000 луѓе.