12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган разговарал со претседателите на Србија и на Косово

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговарал одделно по телефон со претседателите на Србија и на Косово, јави „Анадолија“.

Со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, Ердоган разговарал за ситуацијата на Западен Балкан и за чекорите за зајакнување на односите на Анкара со Белград и Приштина, соопшти Дирекцијата за комуникации на Турција.

Вучиќ и Тачи се согласиле со Ердоган да продолжат со тесна соработка и консултации за билатерални и регионални прашања, се вели во соопштението.