21.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Коронавирусот влезе во мигрантски камп во Грција

Грција го регистрираше првиот случај на коронавирус меѓу мигрантите во преполниот камп во Морија на островот Лезбос, објавија официјалните лица на грчкото Министерство за мигранти.

40-годишниот барател на азил е ставен во изолација, а властите ќе ги испитаат неговите контакти, изјави претставник на Министерството за „Ројтерс“.

Кампот во Морија, во кој се сместени околу 13.000 луѓе, честопати беше критикуван поради лошите услови за живеење.

Од 1 март, сите мигранти што ќе пристигнат на Лезбос се ставени во карантин, далеку од бегалските кампови.

Во Грција се регистрирани повеќе од 10.000 заразени лица, а починале 271 лице.

Во последните неколку недели, во Грција се забележува зголемување на бројот на заболени, поради што властите повторно воведоа некои ограничувања со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.