25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

БиХ ги отвори границите кон земјите од ЕУ

Од денес граѓаните на земјите од Европската Унија можат да влезат во БиХ со негативен тест за коронавирус, не постар од 48 часа.

Оваа одлука на Советот на министри се однесува на граѓаните на земјите од ЕУ, Шенгенскиот договор и странците кои имаат повеќекратна шенген виза или виза на Европската Унија или соодветна дозвола за престој во ЕУ и земјите од Шенген, под наведениот услов.

Граѓаните на овие земји се должни да се придржуваат и да ги почитуваат сите епидемиолошки упатства.

Од оваа одлука се ослободени граѓаните на Србија, Хрватска и Црна Гора, на кои не им треба негативен тест.