17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Статистика на француската влада покажува дека мигрантите брзо ја менуваат демографската слика

„Франсе стратежи“, група поврзана со канцеларијата на францускиот премиер, објави податоци кои покажуваат раст на бројот на неевропски деца-мигранти во француските урбани области. Во еден забележителен пример, Париз и околината забележа раст од 6,5 отсто во 1968 година на 36,6 отсто во 2015 година.

Групата на својата веб-страница ги објави бројките во интерактивна форма која покажува различни фактори, вклучувајќи го процентот на деца од раѓање до 18 години кои се или родени во странство или имаат барем еден неевропски родител.

Објавувањето на податоците е необично бидејќи француската влада вообичаено не објавува – па дури и официјално не собира – многу статистика што се однесува на расите или демографијата, во согласност со францускиот закон.

На веб-страницата се дефинира категоријата како „лице на возраст од 0 до 18 години, имигрант од неевропско потекло или дете во домаќинство во кое референтното лице и/или неговиот сопружник е имигрант од неевропско потекло. Ако и двајцата родители се имигранти, референтните лица на домаќинството се имигранти од надвор од Европа “.

Податоците опфаќаат неколку различни години почнувајќи од 1968 година, а завршуваат во 2015 година. Тие покажуваат дека процентот на мигрантски неевропски деца се зголемил во различни градови, како што е Париз и околината каде просекот во 1968 година изнесувал 6,5 отсто, но се искачил на 36,6 отсто во 2015 година.

Во некои области на Сен Дени, во мнозински мигрантското Сена-Сен Дени, бројот на неевропски деца-мигранти е дури 77 отсти. Дел ода Клиши-су-боа покажува дека во 2015 година, 83 отсто од децата имале неевропско потекло.

Марсеј, втор француски град со историско мигрантско население, во 1968 година имал 12,6 отсто деца со неевропско потекло, а до 2015 година тој процент се искачил на 22,8 отсто. Во Третиот арондисман на Марсеј, процентот на мигрантски деца е 70 отсто.

Можеби најдраматичната промена се случила во Стразбур, градот кој е дом на Европскиот парламен, каде што во 1968 година само 1,9 отсто од децата имале неевропско потеклот. До 2015 година процентот се зголемил на 32,9 отсто, или секое трето дете. Нант забележал слична брза демографска промена од 0,9 отсто во 1968 година на 15,8 отсто во 2015 година.

Податоците не го земаат предвид големиот број мигранти кои пристигнаа во екот на мигрантската криза во 2015 година. Некои области се означени како „статистичка тајна“ без прикажани податоци.

Од 2015 година, Франција имаше неколку години во низа рекорден број барања за азил, вклучително и рекордот во 2019 година од околу 140.000 нови апликации за азил.

За некои области, како што е озлогласениот Сена- Сен Дени, се вели дека се дом на стотици илјади нелегални имигранти. Во извештајот за 2018 година се тврди дека меѓу осум до 20 отсто од населението таму се илегалци.

Масовните демографски промени во Франција се обележани како „Големата замена“ од францускиот автор Рено Ками. Додека многумина во мејнстрим медиумите и на други места ја отфрлија теоријата како заговор, анкетата од февруари минатата година покажа дека четвртина од Французите веруваат во тоа.

Поранешната популистичка пратеничка Марион Марешал исто така е поборник на теоријата, а минатиот октомври протестираше со конзервативците против Големата замена. Таа рече:

„Првиот најголем предизвик, најважниот, е Големата замена, оваа демографска пресметка што веќе нè тера да ја сфатиме можноста да станеме малцинство на земјата на нашите предци“.

Други земји, како Германија, исто така, забележале радикални демографски промени во последните децении. Во извештајот од минатата година се открива дека четвртина од Германците сега имаат некакво мигрантско потекло.