17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Повеќе од 600.000 заразени со коронавирус во Африка

Бројот на заразени со коронавирус во Африка надмина 600.000 поради забрзаното ширење на инфекцијата на тој континент.

За помалку од една недела, во Африка се заразени повеќе од половина милион луѓе.

Земја со најмногу регистрирани случаи е Јужна Африка, со над 287.000 заразени. Само денес се регистрирани 11.554.

Јавните болници во Јужна Африка се веќе полни, а владата повторно воведе ограничувања како што се забрана за продажба на алкохол, задолжително носење маски и полициски час.

Други земји се борат со недостиг на медицинска опрема и персонал.