14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За изборите сончево, викендов невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Во петок кон крајот на денот и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Денес ќе биде ончево со умерена облачност. Попладне во крајните јужни делови ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Во среда ќе биде Сончево со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од западен правец. УВ=9

Прогноза за 16.07.2020
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°С до 34°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=9

Прогноза за 17.07.2020
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 27°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 18.07.2020
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 24°C до 31°C
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7