Centar.mk
ЛОКАЛНО

БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ВО ПЕТОК – Прекин од 9 часот на улицата „Христо Смирненски“

Дел од потрошувачите на улицата „Христо Смирненски“ во Скопје во петок, 20 ноември, ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради планирани активности на водоводната мрежа.

Според известувањето на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, предвидено е изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на адресата „Христо Смирненски“ број 17. Со прекинот ќе бидат опфатени корисниците на делот од улицата меѓу маркетот „Зур“ и булеварот „Партизански одреди“.

Прекинот е најавен од 9 часот наутро, а снабдувањето ќе биде воспоставено по завршувањето на работните активности. За граѓаните од опфатениот дел се препорачува навремено обезбедување вода за неопходните домашни потреби.

Можеби ќе ве интересира

КРАВИТЕ СТИГНАЛЕ И ДО УЧИЛИШНИОТ ДВОР – Крива Паланка поднесе кривични пријави против службени лица

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ШТИП – Саниран и вториот голем дефект, водата постепено се враќа во домовите

ДЕСК