12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти.

Американските медиуми прикажаа снимки на кои се гледа густ чад од бродот USS Bonom Richard, кој се наоѓал во пристаништето Сан Диего, каде што бил на ремонт.

Експлозијата, чија причина не е позната, се случила додека во авионот имало 160 морнари. Според властите, 17 морнари и четворица цивили се повредени, а сите биле однесени во блиската болница. Медиумите објавија дека неколку полицајци се повредени поради вдишување чад.