12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Во поплавите во Јапонија загинаа 24 лица

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата што ги предизвикаа рекордните дождови во југозападна Јапонија се искачи на 24 лица, а лошите временски услови ги отежнуваат операциите за пребарување и спасување.

Шеснаесет лица, меѓу кои и 14 од дом за стари лица, се верува дека се мртви откако поплавите погодија станбени области во руралниот дел на префектурата Кумамото на островот Kyушу, додека 12 лица се наведени како исчезнати, јавуваат медиумите.

Големи области долж реката Кума се поплавени бидејќи насипите се оштетени на неколку места. Уништени се 14 моста, од кои 10 на реката Кума, објави телевизијата НХК.

Околу 6.100 домаќинства беа поплавени во областа, а повеќе од 9.500 домаќинства во префектурите Кагошима и Кумамото немаат електрична енергија.

Јапонскиот метеоролошки институт најавува обилни дождови и во следните денови и предупредува за нови поплави.