17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата

Седуммина полицајци се повредени на неофицијален музички настан во Лондон, откако се обиделе да ги растераат учесниците затоа што ваквите собири претставуваат здравствен ризик за време на пандемијата.

Собраните на настанот во една зграда во западен Лондон, станале агресивини и почнале да фрлаат со разни предмети кон полицијата.

Лондонската полиција денеска соопшти дека кон нејзините припадници биле фрлани и тули.

На крајот, собраните сепак се разотишле, а во врска со настанот нема уапсени.