25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијански генерал предлага подигање мост помеѓу Сицилија и Тунис

Контроверзниот сицилијански генерал Антонио Папалардо предложи изградба на мост што ќе се протега од Сицилијанскиот Проток за италијанскиот остров да се поврзе со Северна Африка, пренесува „Ла република“.

Папалардо, 73-годишниот поранешен бригаден генерал, викендов на антиестаблисментскиот митинг на „Портокаловите елеци“ сугерираше дека мостот може да почне во сицилијанскиот град Мазара и да се протега до Тунис, оддалечен околу 150 км.

Папалардо појасни дека неговиот предлог не е со цел да го зголеми имиграцискиот проблем на Италија, тврдејќи дека дозвола за премин ќе има само одредена група мигранти. Целта на мостот е, според него, секој што сака да се вози до Африка да мора помине низ Сицилија.

Најдолгиот мост во светот е Големиот мост Данјанг – Куншан во Кина, дел од железничката пруга Пекинг-Шангај. Мостот, кој се отвори во јуни 2011 година, е долг 165 км.

„Портокаловите елеци“ организираа серија протести кон крајот на мај и почетокот на јуни, барајќи оставка од италијанскиот премиер Џузепе Конте поради строгата блокада поради коронавирусот.

„Пандемијата не постои, таа е целосна срање. Коронавирусот не е смртоносен, ги убива само веќе болните луѓе постари од 80 години. Доста со лаги и измами, го заплашивте италијанскиот народ“, рече Папалардо на митингот во Бари на 31 мај, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Папалардо, исто така, повика Италија да излезе од ЕУ и да продолжи со печатење на сопствената валута, лирата.