12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Амазон“ ѝ забрани на полицијата да го користи неговиот софтвер за препознавање лица

„Амазон“ ѝ забрани на полицијата да го користи неговиот софтвер за препознавање лица една година откако се соочи со притисок за време на немирите околу убиството на Џорџ Флојд, пренесува „Њујорк тајмс“.

Техничкиот гигант се надева дека мораториумот ќе му даде на Конгресот доволно време да донесе закон за регулирање на контроверзната технологија.

Софтверот „Рекогнишн“ на „Амазон“ беше критикуван со години наназад за расна и родова пристрасност, а студиите покажуваат дека погрешно ги идентификува Афроамериканците и Азијатите почесто од белите субјекти.

„Се залагавме владите да воспостават построги закони за регулирање на етичката употреба на технологијата за препознавање на лица и во последниве денови се чини дека Конгресот е подготвен да се соочи овој предизвик. Се надеваме дека едногодишниот мораториум може да му даде на Конгресот доволно време за спроведување соодветни правила и ние сме подготвени да помогнеме ако биде побарано“, се вели во изјавата на „Амазон“.

Од промовирањето на „Рекогнишн“ во 2016 година, „Амазон“ ѝ го продаде својот систем и на полицијата, како начин да ги лови криминалците, и на агенциите за имиграција и царинско работење за да им помогне да ги таргетира или идентификува имигрантите.

Не е јасно колку агенции за спроведување на законот во моментов се потпираат на технологијата. Американската унија за граѓански слободи од 2018 година тврди дека „Амазон“ тајно им ја продал моќната и опасна технологија на полициските оддели. АЦЛУ сега бара компанијата да се обврзе на неопределен мораториум додека не се донесе федералното законодавство.

„Потребни беа две години за „Амазон“ да дојде до овој момент, но среќни сме што компанијата конечно ги препозна опасностите што ги претставува за лицата во црнечките и латино заедниците и за граѓанските права. Заканата од оваа технологија за надзор по нашите граѓански права и граѓанските слободи нема да исчезне за една година “, рече Никол Озер, директор за технологија и граѓански слободи на АЦЛУ.

„Амазон“ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Кабинетот на шерифот на округот Вашингтон во Орегон е единствената полициска агенција наведена како клиент на веб-страницата на „Амазон“ за системот.

„’Релкогнишн’ на „Амазон“ во голема мерка ја зголеми можноста на нашите полицајци да дејствуваат брзо и одлучно. Успеавме да индексираме повеќе од 300.000 фото-записи во рок од 1-2 дена, а времето за идентификација на осомничените се намали од 2-3 дена на неколку минути “, вели Крис Аџима, аналитичар во канцеларијата, во сведоштво објавено на страницата на „Амазон“.

Повеќе од 1.000 американски полициски оддели имаат партнерство со „Ринг“, компанија за паметни звончиња во сопственост на „Амазон“. И Амазон, наводно, размислувал за додавање на својата технологија за препознавање на овие производи.

Најавата на „Амазон“ доаѓа во период кога демонстрантите ги таргетираат технолошките компании, барајќи да дејствуваат со поголема одговорност со технологијата за препознавање лица.

По засилувањето на повиците, ИБМ во понеделникот објави дека во целост излегува од бизнисот со техноловијата за препознавање лица поради загриженоста за тоа како може да се користи таа за масовно набљудување и расно профилирање.

Претставничкио дом, кој е под контрола на демократите, одржа серија расправи за софтверот за препознавање лица, но републиканецот Џими Гомез кој е член на Комитетот, го обвини „Амазон“ за недостиг од законодавство што ја регулира технологијата.

„Ова е добар прв чекор, но сè уште не е доволно“, вели Гомез за Си-ен-би-си. „Тие велат дека бараат од Конгрес да стави заштитници за употребата на оваа технологија, но секојпат кога ќе се обидевме да добиеме повеќе податоци, тие одолговлекуваа и моравме да имаме сослушувања за да го придвижиме проблемот.”