21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени членови на криминална група во Италија, шверцувале дрога од Шпанија

Италијанската полиција привела членови на криминална група, меѓу кои и двајца Срби. Групата е осомничена за трговија со дрога.

Според информациите, уапсени се петмина српски државјани, а еден од нив веќе бил во затвор во Виченца.

Освен српски државјани, уапсени се и една Романка и тројца Италијанци, пренесе порталот „ Џорнале ди Виченца“.

Организацијата се занимавала со трговија на големи количини дрога, која ја пренесувале со камиони од Шпанија во Италија. Дрогата потоа ја дистрибуирале во Падова, Бари и Венеција.

За време на операцијата запленети се автомобили „бе-ем-ве“, „мерцедес“, „ауди“ во вкупна вредност од околу 200 илјади евра, уште 5,5 килограми дрога и садници канабис, 22 мобилни телефони, 7.400 евра во готовина, три ваги за мерење наркотици, компјутер и 20 СИМ-картички, пренесе италијанскиот портал.