24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина нема да учествува во преговорите за нуклеарно разоружување на САД и Русија

Кина нема да учествува во преговорите за нуклеарно разоружување со САД и Русија, јавија кинеските медиуми.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунин изјави дека Кина се сомнева оти Белата куќа се обидува да го вовлече Пекинг во преговорите за да ја префрли одговорноста на други, откако САД се повлекоа од повеќе меѓународни договори.

СAД и Русија зе договорија да почнат преговори за контрола на оружјето, а неименуван претставник на администрацијата на Трамп изјави дека преговорите ќе почнат на 22 јуни.