8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Државата дели ваучери и картички со пари за граѓаните: Еве кога да ги очекувате платежните картички

Третиот сет економски мерки има за цел со поттикнување на приватната потрошувачка, да им се помогне на граѓаните во овие тешки времиња но и да им се помогне на домашните компании, особено во секторите што беа најпогодени со кризата.

Сетот мерки предвидува и платежни картички за околу 300.000 граѓани, кои овој месец ќе ги добијат и картичките и парите.

Платформата преку која ќе се додлуваат картичките се финализира и врз основа на официјалните податоци на агенцијата за вработување и министерството за труд и социјала и преглед од Управата за јавни приходи ќе се доделат картичките на лицата, кои ги исполнуваат условите.

Право на платежна картичка со 9.000 денари имаат невработени активни баратели на работа, заклучно со 22 мај, приматели на гарантиран минимален приход, без ограничување на возраста, но да немаат дополнителни приходи по никој основ, односно да не биде поголем од 15.000 месечно, или вкупно до 60.000 за периодот јануари-април.

Тој додаде дека платежна картичка од 3.000 денари, кои ќе се доделуваат преку истата платформа добиваат сите вработени граѓани со плата до 15.000 месечно, односно 60 илјади во периодот јануари-април годинава, а истите ќе добијат и ваучер за туризам. Доделувањето на картичките и ваучерите е автоматизирано, бидејќи граѓаните кои ги исполнуваат условите се запишани, постојат во официјалните евиденции. Граѓаните нема потреба да аплицираат!

Повеќе за начинот на користење на картичките на следниот линк:

https://center.mk/blog/2020/05/31/drzhavata-deli-pari-na-graganite-doznajte-za-kogo-koga-kako-kade-kolku-i-ostanati-korisni-informatsii-za-domashnata-platezhna-kartichka-kupuvam-domashno/

 

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Почнува вакцинација со четврта доза против Ковид-19

M T

Катедралата во Вашингтон ѕвонеше за милион смртни случаи од Ковид-19

M T

Стејт департментот им нареди на вработените во американската влада да го напуштат конзулатот во Шангај

M T