Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(фото) Отежнато движењето на патот Кавадарци – Прилеп, кај Раец – Стотици автомобили од Скопје се упатуваат кон Прилеп, Битола, Преспа…

Гужви на патиштата кои водат кон југот во Македонија. Стотици автомобили се движат бавно поради реконструкцијата на патот Кавадарци – Прилеп, пред Плетвар, во близина на Раец.

Според информации на Centar.mk огромен број на возила кои се упатиле од Скопје, поради продолжениот викенд, но и карантин полицискиот час продолжуваат кон Прилеп, Битола, но и Преспа и Охрид кои за викендов се очекува да имаат илјадници македонски туристи.

Полицискиот час во внатрешноста на земјава ќе биде поблаг, со оглед дека во Преспа нема ниту еден заразен, а во Битола и Охрид има многу мал број на зараззени од коронавирус, па така во речиси половина Македонија полицискиот час почнува од 16 часот попладне, па се до 5 часот наутро секој ден и тоа во петок, сабота и недела.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК