25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов земјотрес вечерва во Загреб – Тлото не престанува да се тресе

Околу 20,49 часот во понеделникот нов потрес со мајгнитуда од 3,2 по Рихер е почувствуван во хрватската престолнина Загреб, ден по силниот удар во кој едно дете го загуби животот а уште триесетина лица беа повредени

Според подацотеи на Европскиот медитерански сеизмолошки ценатар (EMSC), епицентарот на вечлерашниот земотрес кој траел неколку секунди бил на длабочина до 10 километри. Епицентарот е регистриран на 20 километри западно од Загреб и три километри источно до Брегана.

Се работи за последниот во серијата од шеесетина земјотреси/афтершокови кои од неделата утрото го погодија Загреб.

Вчерашниот најсилен земјотрес беше во 6 часот утрото, со јачина со 5,5 по Рихтер и беше проследен од уште два исто така силни.

Во овој потрес животот го загуби 15-годишно девојче кое во понеделникот им подлегна на повредите, а повредени се уште 27 лица.

Според загрепските градски власти, во потресите значително се оштетени преку пет илјади објекти, а вкупната материјална штета сѐ уште не е конечно потврдена.