10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На крузерот кај Сан Франциско заразени 21 лице

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, рече дека 21 лице на крузерот „Гранд Принцес“ е позитивнo на коронавирусот.

На бродот има над 3.500 патници и членови на екипажот. Инфицирани се 19 членови на екипажот и двајца патници.

Пенс рече дека бродот ќе биде испратен во „некомерцијален“ дел од пристаништето каде ќе бидат тестирани сите патници и членови на екипажот, а оние на кои им е потребен карантин ќе бидат ставени во карантин, додека оние кои имаат потреба од терапија ќе ја добијат.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека би сакал патниците да останат на крузерот, но ќе им препушти нив да ја донесат одлуката.

„Лично, би претпочитал да останат, но целосно разбирам ако сакаат да слезат“, рече Трамп пред новинарите за време на посетата на Центарот за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) во Атланта.