Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Цела недела тмурно и врнежливо: Детална метеоцентар прогноза до крајот на седмицава

Денес ќе има врнежи од дожд, пообилни на места во источните делови (20 до 30 л/м2), локално и во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, на планините од слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Потоа до крајот на неделава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Прогноза за 06.03.2020
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 11°С до 18°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 07.03.2020
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, поинтензивни во источните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 08.03.2020
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК