22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Директорот на националната разузнавачка служба на САД поднесе оставка

Специјалниот известувач на САД за преговорите меѓу Белград и Приштина, вршител на должноста шеф на националните разузнавачки служби на САД, Ричард Гренел, ја информирал Белата куќа дека се повлекува од функцијата амбасадор во Берлин.

Гренел за одлуката да поднесе оставка ја известил Белата куќа, пренесе како ексклузивна вест „Дејли вајер“, со дополнение дека Гренел ја донел одлуката откако претседателот Доналд Трамп, го именувал Џон Ретклиф на местото шеф на националните разузнавачки служби.

Привразаниците на Трамп, го фалеле претседателот што поставил Гренел на фукцијата, кој поседува мастер диплома од Харвард во јавната администрација.

Гренел исто така се смета за омилен амбасадор на Трамп, поради неговите агресивни пристапи на залагања за интересите на Трамп од другата страна на океанот./Makfax