24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Албанија регистрирана првата жртва од свински грип

Во Албанија е регистрирана првата жртва од свински грип, а уште четири лица се заразени од вирусот АХ1Н1. Починал 45-годишен жител на градот Скрапар, кој од Регионалната болница во Берат вчера попладне бил префрлен во Инфективната клиника во Тирана во тешка состојба, со многу висока телесна температура и проблеми во дишењето.

Инфектологот Етлева Вила, од болницата во Берат, за медиумите потврди дека починатиот немал контакт со области зафатени со коронавирус. Таа потврдува дека имале и четири други случаи на заразени со вирусот АХ1Н1. Во Албанија, на почетокот на минатата година, четири лица починаа од овој вирус./Makfax