21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со разрешувањето на Мизрахи заштитени се интересите на граѓаните, сите членови на Владата мора да го почитуваат Уставот и законите

Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи Собранието го заштити Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, ја заштити интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, соопшти СДСМ.

„Заштитени се и интересите на стечајните работници, истите оние за кои Мизрахи даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест.

Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата.

Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси.

Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има.

Да не ни помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски.

Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.

Нема да дозволиме извршителите на Груевски да го загрозат членството во НАТО и ЕУ, да ја загрозат иднината на земјата.

Нема враќање назад кон изолација и неизвесност. Тие еден чекор назад, ние три напред.“ – се вели во соопштението.